Охридската Библиотека ги бележи и првите читатели за оваа година. Ова е доволен доказ дека ќе имаме плодна читателска година, а ние ќе се потрудиме да сме во тренд и да ја побараме актуелната литература од домашни и светски автори, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.
На пултот за зајмување утрово прва дојде нашата читателка Олга Глигуроска, следуваа Антица Стефаноска, Љубинка Кочовска, Бисера Ангелоска и Христина Петроска. Тоа се првите пет, а потоа следуваа уште многу поклоници на пишаниот збор, велат од Библиотеката.
Посочуваат дека од страна на вработените библиотекарки Весна Симоноска и Елизабета Бојчевска – Зимоска на читателите им биле подарени по една новогодишна честитка изработена од вредните раце на учениците од петто одделение во ООУ „Григор Прличев“ како и по еден обележувач за книги во издание на Библиотеката со ликот на патронот Прличев и неговата позната мисла Чувај се себеси!
OhridNews