Влажни коловози со остатоци од калив снег, и машини на јавните претпријатија кои го расчистуваат. Ваква е сликата утрово на главните улици во Охрид кои се проодни и расчистени.
Освен што го разубави зимскиот амбиент, снегот не предизвика поголеми проблеми во одвивањето на секојдневниот живот во градот. За разлика од коловозите на тротоарите има повеќе снег, па се препорачува внимателност при движењето по нив.
Според најавите, денеска во Охрид ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од снег и северен ветар. Максималната температура ќе достигне до 5 степени Целзиусови.
OhridNews