Првиот примерок на книгата со мек повез за момчето волшебник, Хари Потер, е продаден на една аукција во Далас за 19.120 долари.
“Хари Потер и каменот на мудроста“ е еден од само 200 примероци од првата серија со илустрирани корици кои ги објави англискиот издавач „Блумсбури“.
Книгата содржи и илустриран предговор со потпис од писателката Џоана Ролинг.
Цената која е постигната на продажбата која ја организирала аукциската куќа Херитејџ Аукшн Галерис, речиси е двојно поголема од минатиот рекорд за некоја книга за Хари Потер печатена во мек повез.