Првиот официјален портрет на војвотката од Кембриџ, бил откриен во Лондон во националната галерија за портрети во Лондон. Портретот на Пол Имсли, познат по портретот на Нелсон Мандела, ја прикажува насмеаната принцеза на црна позадина.

Кејт и принцот Вилијам, кои го очекуваат првото дете, присуствувале на откривањето на портретот. Војвотката рекла дека портретот е прекрасен, а нејзиниот сопруг дека е апсолутно преубав. Имсли потоа на новинарите им рекол дека Кејт сакала на портретот да биде природна, а не официјална.