Британските филмски архивисти пронашле снимка од 1922 година на која е претставен првиот мобилен телефон на светот. На снимката се гледаат две млади американки кои одат по улица, носејќи телефон на расклопување. Во еден момент му приоѓаат на еден хидрант и околу него намотуваат жица поврзана за телефонот, а потоа отвораат чадор кој очигледно служи како антена.


Оваа ретка снимка била откриена неодамна во една архива. Портпаролот на архивата изјавил дека е неверојатно дека луѓето уште пред 90 години размислувале за мобилни телефони. додал дека на снимката е можеби претставен и првиот телефон на расклопување.