Првиот лет од Истанбул во Охрид на авиокомпанијата Туркиш ерлајнс ќе се реализира во четврток, информираат од ТАВ Македонија.
На настанот предвидено е да присуствуваат, Серкан Каптан, главен извршен директор на ТАВ Аеродроми, Билал Екси, главен извршен директор на Туркиш ерлајнс, Фатих Улусој, амбасадор на Р. Турција, Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и премиерот Христијан Мицкоски.
Според претходните најави летовите кои ќе започнат на 27 март ќе сообраќаат четири пати неделно, во понеделник, четврток, петок и недела. Турската авикомпанија за превоз на патниците ќе ги користи авионите Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900.
Министерот за транспорт Александар Николоски неодамна истакна дека со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнува нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром.
Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи стратегијата ни даде резултати. Го донесовме Туркиш ерлајнс кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид. Охридскиот аеродром го отвораме како дестинација кон најголемиот аеродром во Европа и аеродром кој што има најмогу конектинг летови, што ќе значи комплетно нова страница за аеродрoмот, рече Николоски.
Потенцираше дека на овој начин ќе се понуди Охрид како главен туристички центар во регионот каде се отвора можности за развој на туризмот.
Н.С.Ј.