Италијанската тројка на загревање пред Хрватска -Турција
Росети е ФИФА судија од 2002 година, а досега од големите натпреварувања беше на должност само на последното Светско првенство во Германија. Со 190 сантиметри Росети е највисокиот судија на првенството во Австрија и Швајцарија и ќе биде првиот арбитар кој ги водел првиот и последниот натпревар на еден континентален шампионат. Во исто време директорот на болницата во Торино е трет италијански судија што ќе го води финалето на европското првенство по Серџо Гонела во 1976 година и Пјерлуиџи Паирето две децении подоцна.
Одлично одсудениот 1/4 финалниот меч виза за големото финале
УЕФА ги одреди и судиите за полуфиналните натпревари на овој шампионат. Дуелот меѓу Германија и Турција во среда во Базел ќе го води домашниот арбитар Масимо Бусака, а еден ден подоцна на должност ќе биде Франк де Блекере од Белгија.
Без работа остана словачкиот судија Лубош Михел со своите помошници.