Хотелите со 7 ѕвезди во Дубаи ја добија својата спротивност. Швајцарците го отворија првиот хотел во светот со 0 ѕвезди во воен бункер.
Хотелот се наоѓа во нуклеарен бункер во градот Севелен, во близина на Цирих. Првенствено тоа било уметнички проект на браќата Франк и Патрик Риклина. Кога го здогледале интересот од посетителите одлучиле да отворат вистински хотел. Ноќевање чини 7 евра. За таа цена добивате соба, кревет и користење на заедничко купатило.
Нуклеарниот бункер не е евтин за греење, па така гостите ќе мора да го истрпат студот, но ќе имаат топли влечки за шетање низ полу цементираните ходници од бункерот. Вентилацијата е бучна па гостите ќе добикат и чепчиња за ушите.
„Сакавме да направиме спротивност на хотелите со 7 ѕвезди во Дубаи. Ако овој проект ни успее, ќе отвориме уште 12 такви хотели“ – рекол Патрик.