До сега луѓето градеа кули во песокот, минијатурни дворци или скулптури, но никој до сега не се обидел да направи таков хотел.
Првиот таков хотел го направиле четири мајстори на плажата Weymouth во Велика Британија. Првите гости веќе престојувале, а цената на ноќевање е 15 евра. За изработка употребиле околу 1000 тони песок, а со помош на машините работеле по 14 часа, 7 дена. Гостите можат да резервираат соба во хотелот, а на располагање имаат двокреветни соби и еднокреветни брачни соби. Да престојувате можете колку сакате, односно додека дождот не ви го измие креветот. Најголемата предност е отвореното ѕвездено небо над вас. Недостаток е што нема тоалет, а мајсторите гостите ги предупредуваат дека песокот може да влезе секаде. Песочниот хотел е изграден во чест на гостите кои ги има се повеќе на плажите во Британија.
-Навистина се измачивме додека го изградивме. Креветите се направени од песок, па ќе го имате по целото тело. Посебно помеѓу прстите. Но најубаво е чувството кога наутро ќе ве разбуди плимата – се смее креаторот на хотелот, Марк Андерсон.