Варшава ќе го добие првиот музеј за еротика благодарение на приватната иницијатива на колекционерот Даријус Кендора, кој за време на своите патувања собрал колеција од повеќе од 2000 предмети од сите краеви на светот. Покрај фигурите од кинески порцелан, перуанските маски или персиските еротски минијатури, новиот варшавски музеј ќе потсетува и на историјата на еротиката во Полска.


Даријус за медиумите изјавил дека од ретките предмети, музејот ќе го поседува единствениот полски целосно сочуван автомат за продажба на презервативи од далечната 1934 година. Во него ќе се најдат и првите правилници за работа на јавните куќи во Полска, како и старите постери кои предупредуваат на венеричните болести.