Првиот договор меѓу светски популарната рок група Битлси од почетокот на нивната кариера и менаџерот Брајан Епстајн од 1962 година продаден е на аукција за 365 илјади фунти, пренесува „Макфакс“.
Договорот е продаден на аукција во Лондон за неверојатна сума пари, а претставува важен сегмент во кариерата на Битлси. Имено, тоа е првиот договор што менаџерот Брајан Епстајн го потпишал со групата која ја сочинуваа Џон Ленон, Џорџ Харисон, Пол Макартни и Ринго Стар.
Договорот е потпишан неколку дена пред Битласи да го објават својот прв синг под назив „Love Me Do”. Аукцијата е одржана во аукциската куќа Сотби, а купувачот е анонимен.
Брајан Епстајн беше менаџер на Битлси на почетокот на нивната кариера. Беше многу омилен, а и самите членови на групата го нарекуваа петти член. Почина 1967 година.
Стручните лица од Сотби ја истакнаа важноста на овој договор велејќи дека Битлси не би ја постигнале таа светска слава без овој договор и менаџерот Епстајн.
„Требаше нешто повеќе од вдахновено музицирање и пишување песни за голем успех“, велат од Сотби.
Со оглед на тоа дека Џорџ Харисон и Пол Макартни биле малолетни во времето на потпишување на договорот, место нив тоа го направиле нивните татковци. Во договорот се наведува дека членовите на Битлси се сложуваат да именуваат менаџер кој ќе ги претставува во светот на период од пет години почнувајќи од 1 октомври 1962 година.
OhridNews
извор:„Макфакс“