Еден човек од Ашафенбург, Германија, првиот ден во пензија го прославил давајќи монети од едно евро по улиците во градот. Пресреќниот новопечен пензионер околу вратот имал натпис на кој објаснил дека не е невработен ниту бездомник, туку дека е среќен и сака да дарува пари.
Еден од минувачите го пријавил пензионерот во полиција, од каде пак востановиле дека тој е едноставно среќен и дека според германските закони не е забрането да се делат пари на улица.