Пејачката Лејди Гага признала дека банкротирала, бидејќи потрошила милиони фунти на лудите костими за време на својата турнеја ‘Monster’s Ball tour’. Пејачката открила дека после својата турнеја, во чиј склоп одржала 200 настапи, должи три милиони фунти.


Контраверзната пејачка позната по својот единствен моден стил открила дека не знаела ништо за своите финансиски проблеми. Рекла дека банкротирала по првиот дел од турнејата и дека за тоа воопшто не била свесна. Гласините за банкротот на почетокот и биле смешни, бидејќи не знаела нитшо за тоа, a и бидејќи парите не и биле важни во животот.