Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски синоќа бил физички нападнат на тераса од угостителски објект во скопско Дебар Маало од Аријанит Џафери (28) од Скопје, инаку син на поранешниот висок функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, против која РКЕ покрена постапка за одземање на лиценцата за работа.
Неофицијално токму тоа била причината за инцидентот.
Бислимовски е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентит кој се случи синоќа каде тој беше нападнат во центарот на градот. Нападот е пријавен во МВР, информира портпаролот на РКЕ Марина Узунов.
Сакам да ја информирам јавноста дека како и до сега така и од сега РКЕ ќе продолжи да работи транспарентно согласно законот затоа што основен постулат во нашето делување е заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност и стабилност во електро енергетскиот систем. Единствено по што се водиме е словото на законот, така и ќе продолжиме да ги водиме постпките врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила, изјави Узунов за МИА.
Нагласи дека претседателот на РКЕ Бислимоски инцидентот го пријавил во соодветните институции.
Од МВРинформираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews
Фото: Принтскрин Фејсбук