Втор пат созонава ГФК Охрид загуби во градското дерби од Воска Спорт поради, како што велат во клубот, сомнителни судиски одлуки. Денешната средба во која Воска Спот со пенал во финишот, кој предизвика лавина реакции во јавноста, ја прели чашата истакнуваат од ГФК Охрид. Раководството на клубот е резигнирано од денешните случувања на СРЦ „Билјанини Извори“, а првиот човек на ГФК Охрид, поранешниот репрезентативец и фудбалски интернационалец Данчо Целски, упати сериозни обвинувања доведувајќи ја во прашање регуларноста на натпреварувањето воопшто.

Во соопштението за јавност, упатено и до ФФМ, ГФК Охрид изразува огромно разочарување и констатира дека квалитетно судење во Македонија не посоти.

Специфично нема професионално судење кога се игра против екипата на Воска Спорт. Доколку играме 10 натпревари со вакво судење нема да победиме ниту еден. На последните два натпревара на кои судеа прволигашки судии кои досудија непостоечки ситуации што влијаеа на конечниот резултат, одземена ни е можноста за играње фудбал и спортско радување. – стои во соопштението.

Од ГФК Охрид посочуваат оти со многу работа во градот е создадена величенствена фудбалска атмосфера, но сето тоа сега може да падне во вода поради разочараноста на објективната охридска публика од лакрдиите кои му штетат на фудбалот, велат од клубот.

На последните натпревари против екипите на Вардар, Велешта, Воска има огромен број на публика на нашиот стадион, од 2000 до 5000 гледачи. Поради неспортски однос на тие што ја делат правдата публиката си оди разочарана после натпреварот. Коментарите кои можеа да се чујат денеска во публиката доволно говорат: “Да си одиме дома бидејќи судијата ќе досуди пенал во 100-тата минута”. А, нас во првото полувреме не ни беше досуден пенал поради играње со рака. Се беше пресликано како во претходниот натпревар со Воска. – валат од ГФК Охрид.

Клубот обвинува дека по завршување на средбата дошло до инцидент, за што бил составен и дополнителен записник.

По завршувањето на натпреварот во подтрибинскот простор физички беше нападнат нашиот голман Дамјан Серафимов од страна на директорот, претседателот и голманот на Воска Спорт. За овој сучај е доставен дополнителен записник до ФФМ. – соопшти ГФК Охрид.

Претседателот на клубот Данчо Целески најави дека луѓето што го водат клубот нема да го дозволат ГФК Охрид Лихнидос присилно да настапува во криминална лига.

Секогаш кога сум играл фудбал сум сакал да се натпреварувам, сум примал голови, победувал, губел. Секоја победа или пораз се небитни во конечниот збир, меѓутоа многу боли кога ќе изгубите на нефудбалски – криминален начин, како во последните два натпревара со Воска Спорт. – изјави пореанешниот голман и репрезентативец на Македонија и сегашен предтседател на ГФК Охрид Лихнидос Данчо Целески.

OhridNews