Еден човек, борец за зачувување на животната средина, е првиот човек кој го препливал ледничкото езеро на Монт Еверест. Британецот Луис Пуг на себе носел само гаќички за капење, очила за нуркање и капа, додека го препливувал езерото долго еден километар. Му биле потребни 22 минути и 51 секунда. Езерото е на надморска височина од 5300 метри, а температурата на водата е околу два степени.
За британските медиуми изјавил дека морал да внимава на брзината со која плива. Веќе пливал на антартикот и Северниот Пол за да предупреди за топењето на ледниците. Најтежок му бил последниот потфат, бидејќи освен со ниската температура морал да се бори и со надморската висина.