Првиот број на стрипот за популарниот супер херој Супермен од 1938 година, достигна цена на интернет аукција од 200.000 долари.
Понудениот примерок од стрипот е многу редок и не е реставриран. На корицата е прикажан Супермен, во препознатливиот костим со буквата „S“ на градите, како пред преплашените минувачи подига автомобил.
Аукцијата била отворена во петокот и ќе трае до 13-ти март.
Понудите веќе ја надминаа сумата од 200.000 долари.