Првиот брод влезе во пристаништето Мариупол, изјави денеска за руските медиуми претставник на пристаништната администрација.
Бродот МР-3 од типот „Славутич“ влезе во пристаништето и ќе натовари 2,7 илјади тони метал, истакна службеното лице.
Според него, бродот утре ќе заврши со утовар, а в понеделник ќе замине кон Ростов на Дон.
Како што претходно беше соопштено, во пристаништето е извршено деминирање, а бродовите потонати од Украина се отстранети.
OhridNews