Благата зима и високите температури, повлекувањето на охридската пастрмка во длабочините на езерото и неконтролираниот улов од албанската страна на езерото  неповолно се одразуваат  врз риболовот на пастрмката за вештачки мрест кој официјално започна денеска, велат од Хидробиолошкиот завод во Охрид.


Првичниот  улов беше околу  200 килограми   пастрмка што  двојно е  помал во споредба со минатата година . 

“Годинава риболовот го вршиме   со  14 рибари , а езерото   дополнително го обезбедуваат  10 рибочувари.Се надеваме дека  во риболовот што ќе трае до 20 март  ќе уловиме доволно  пастрмка и да ги обезбедиме минималните 3,5 милиони икри  потребни  за вештачкиот мрест”, изјави директорот на Хидробиолошкиот завод Гоце Костоски.


Експертите предупредуваат дека е неопходно под итно да се преземат мерки за заштита на ендемичниот вид охридска пастрмка, како на македонска, така и на албанска страна.

Риболовот за потребите на вештачкиот мрест на пастрмката, што го спроведува Хидробиолошкиот институт, ќе трае до 20 март.

Ohridnews