Според податоците од аналитичкиот штаб на општинската ВМРО ДПМНЕ на денешните избори во Охрид излегле околу 30.000 граѓани со право на глас. Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски, за Ohridnews изјави дека изборите биле фер и демократски, но забележани се и неправилности од кои дел се нотирани и од наблудувачите.

  • Традиционално во Охрид се случува групно гласање, бележење на луѓе кои гласале пред избирачките места, а во еден случај забележано е и помагање при гласање што е пријавено и влезено во официјален записник, информира Божиновски.

Од штабот на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески, оценуваат дека изборниот ден поминал во фер и демократска атмосфера.

Според Ристо Николески од изборниот штаб на СДСМ, излезноста изнесува 57.68% што е за 4% повеќе од првиот круг од локалните избори, односно гласале  31.170 граѓани.

Првичните резултати од СДСМ, од обработени 22.000 гласови, за нивниот кандидат гласале 12.114 граѓани, а за кандидатот од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски 9.123.

OhridNews