Традиционалните прослави на Први мај, Меѓународниот ден на трудот, беа организирани во многу делови од светот, при што на традиционалното масовно одбележување се забележани се инциденти и една жртва, а во Париз поворката ја обезбедуваа силни полициски сили.

Во Истанбул за обезбедување на повеќе места во градот ангажирани беа околу 25.000 полицајци, кои со солзавец и водени топови ги растеруваше демонстрантите на повеќе места во градот, најмногу кај плоштадот Таксим, каде што традиционално се организираат протести. Во овие протести загина едно лице, а триесетина се повредени, додека 200 демонстранти се приведени.

Во Москва речиси 100.000 луѓе, според процените на полицијата на руската престолнина, учествувале во големата поворка организирана на Црвениот плоштад, носејќи црвени знамиња и балони покрај ѕидините на Кремљ потсетувајќи на големите паради во некогашниот Советски сојуз. Се проценува дека повеќе од милиони луѓе во Русија го одбележаа Празникот на трудот, кој се совпадна со првиот ден од Велигден.

Во италијанскиот град Џенова се одржа заедничката поворка на трите главни синдиката,во која учествуваа околу 5.000 луѓе, при што немаше инциденти. Вечерта на римскиот Плоштад на свети Иван Лутерански наместо синдикални собири се одржа рок концерт. Во Швајцарија првомајските собири се одржаа во повеќе од 50 градови, вклучително и во Женева и во Цирих, во организација на синдикатите, за да се предупреди на социјалната неправда и намалувањето на пензиите и да се критизира десното мнозинство. Демолирања и кражби беа забележани во Лимат. Во Јужна Кореја десетици илјади луѓе протестираа против најавените реформи на работните услови, на предлог на претседателката Парк Гуен-Хи и нејзината конзервативна партија, со што се олеснуваат отпуштањата на работниците.

Во Франција, празникот на трудот мина во изразено напната атмосфера, по двомесечните протести против нацрт законот за труд на социјалистичката влада и многубројните собири одбележани со жестоки судири со полицијата. Попладнето започна заедничката синдикална поворка, првпат во последните седум години. Во Марсеј, Бордо, Тулуз и Нант повеќе илјади демонстранти бараа повлекување на спорниот нацрт закон за реформа на законот за работни односи.

Во Австрија социјалдемократскиот канцелар Вернер Фајман со повици на негодување го дочекаа околу 80.000 во Виена кои бараа негова оставка додека тој држеше говор, обидувајќи се да ја брани мигрантската и политиката на вработување на големата коалиција со христијанските демократи која што ја предводи.

Меѓународниот празник на трудот, е воспоставен во Чикаго во 1886 година на предлог на синдикалното движење кое барало осумчасовен работен ден.

OhridNews
извор Макфакс