Денот на трудот 1 Мај (среда) и понеделник (6 мај) вториот ден на Велигден според православниот календар се неработни денови за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Исто така, од МТСП информираат дека Велики петок (3 мај) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честитаат престојните празници.

OhridNews