Во Мадрид, Шпанија било одржано првото првенство во дремење. Давид Бланко, организаторот на натпреварот изјавил дека со тоа сакаат да ја сочуваат оваа традиција и да ја одбранат од опасностите на модерното општество. Необичното првенство, кое ќе трае неколку дена, собрало повеќе од 360 натпреварувачи од цела Шпанија.
Победник ќе биде оној кој најдобро и најдолго ќе дреме, а одлуката за тоа ќе ја донесат медицински екипи кои електронски ќе ја мерат должината и интензитетот на сонот. Користењето на тапи за ушите и маски за спиење ќе бидат дозволени.