Екипата на Урбан карп од Охрид го освои првото место, а Болт – Охрид третото, во второто коло од Државното првенство во риболов – дисциплина крап, што од 1 до 4 јуни, се одржа на езерото Мавровица.

Второто место го освои екипата на Алфа Дого од Скопје.

Во рамки на 72-часовниот натпревар, спортските риболовци од Урбан карп, кои како и Болт настапуваат под капата на Здружението Св. Апостол Петар, го уловија најголемиот примерок на крап демек 20330 грама. Вкупно, првопласираната екипа улови 245890 грама крап.

Државното првенство ќе ги одреди и патниците на Светско првенство, на кое ќе се пласираат најдобрите три екипи, додека четврто и петто пласираната екипа ќе изборат учество на Балканското првенство. Конечниот пласман ќе биде одреден по комплетирање на предвидените три кола.

Г.М.