Македонскиот голгетер во Виетнам,  Николче Клечкароски го постигна “првенецот“ во дресот на Да Нанг. Дебитанскиот погодок на Клечкароски не беше доволен неговата екипа да замине непоразена на гостувањето кај Саи Гoн, на крајот домаќините славеа со 2-1.


После пет рунди Да Нанг се наоѓа на петтата позиција со осум бодови, пет помалку од лидерот на табелата На Хои. Во наредната шеста етапа од првенството Да Нанг на домашен терен ќе се сретне со На Хои.

Мх.П.