Охридскиот Панк состав “Комунална Хигена“ после едногодишна работа и низа свирки низ земјата самостојно го издаде својот прв деби албум насловен како „Комунална Свест“. Официјалната промоција се случи на ТБЛ фестот во Охрид а во престојниот период се очекува мини турнеја низ земјава.

Албумот содржи 10 песни, а тематика и идеологијата во песните се движи од цврст и горд патриотизам, отпор, слобода на говорот, па се до навивање, пороци и екологија. На албумот се поместени  две навивачки песни и тоа „Охрид“ која е посветена на самиот град и легендарната рибарска песна „Царство Самоилово“.
Интересен е и фактот што во албумот се содржи и песна посветена на Вевчанската Република и граѓанскиот отпор во далечната 1987- ма година.

Албумот е снимен во партизански услови, ама квалитетот е добар велат дечките од „Комунална Хигиена“.

Ohridnews