После полни 900 години доминација на машкиот пол меѓу венецијанските гондолиери, за прв пат со оваа работа започна да се занимава и една жена. Станува збор за 23-годишната Џорџија Босколо. Таа стана првата градска гондолиерка откако помина повеќемесечна обука и доби диплома. Изјавила дека е многу среќна и дека на овој начин влегла во историјата на Венеција.
Обуката ја посетувале уште две жени, но тие не успеале да го положат завршниот испит и останале без диплома. Таа на обуката научила како да управува со тенкиот чамец со едно весло, како да ги совлада ветровитите венецијански канали и како да ја избегне плимата и опасните водени струи.