Првите кои се венчаа во куќата на Јулија, главниот лик на Шекспировата драма беа еден фудбалер од локалниот клуб Лука Чекарели и Ирена Ланфорти. Градските власти на Верона најавија дека во иднина имаат намера редовно да организираат венчавки на терасата под која Ромео ја чекал својата сакана.
Куќата на Јулија во Верона секоја година ја посетуваат повеќе од 2,5 милиони туристи. Венчавките во куќата на Јулија на локалните жители ќе ги чини 600 евра, туристите од Европската Унија ќе плаќаат по 800, а останатите по 1000 евра.