Олимпискиот шампион од Торино 2006 австриецот Андреас Кофлер победи на првата од четирите скокалници од годинашната турнеја.  Кофлер имаше скокови од 134 метри во втората и 125 метри во првата серија доволни за највисоко место на пиедесталот.


Втор беше финецот Јане Ахонен, кој на скоковите им се врати по едногодишна пензија.Трет заврши победникот во Оберстдорф од 2007, австриецот Томас Моргенштерн, со скоковите од 124,5 и од 126,5 метри.

58-ма новогодишна турнеја „четири скокалници“ продолжува на првиот ден од новата година, во германски Гармиш – Партенкирхен.

ohridnews