Ракометарите на Вардар со минимални 25-14(15-14) го совладаа Металург и ја добија првата од двете битки за титулата во националниот шампионат.
Очекувано, „балканското“ дерби во македонското првенство помина изедначено особено во првиот дел кое „домаќините“ го добија со 15-14.
Првиот потег кон победата го повлече Вардар на стартот од вторит дел кога со мини серија се одлепи на +4 (20-16).
Избраниците на хрватскиот Лино Червар до крајот на натпреварот со трпелива игра стигнаа до минилен пораз 25-24 и најавија вистинска борба во вториот натпревар (8 мај), кој ќе одлучува за титулата.
Меч за паметење одигра Ренато Вугринец постигнувајќи десет погодоци, Миркуловски застана на шест, а Циндриќ реализираше четири.
Во победничкиот состав руското крило Тимур Дибиров седум пати ја погоди мрежата на Металург, а Душебаев пет додека Лазаров и Прибак постигнаа по четири погодоци.
Мх.П.