Мис Доминиканска република, која стана и прва придружничка на Мис Универзум, станала заменик гувернер во покраината во која се родила. Ќе им помага на сиромавите жени и деца. Ада Де Ла Круз, која има сиромашно потекло, засекогаш ги напуштила изборите за убавина. Должноста ќе ја обавува во покраината Северно Санто Доминго.


Рекла дека сака да ги промовира производите кои се добиваат од свинско месо, по кои е познат нејзиниот роден град Вила Мела. Ада неодамна добила диплома за сметководител, а изјавила дека од 16 години морала да работи во бутик за да си го плати студирањето.