Сите луѓе се помалку или повеќе ранливи, но сите поседуваат способност да научат да дадат прва помош со цел да се зачува нечиј живот. Ова е клучната порака од Црвен крст Охрид за Светскиот ден на првата помош 13 септември, кога под мотото ПРВАТА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТ!, ќе се организираат најразлични активности со цел да се подигне јавната свест за улогата на првата помош во превенцијата од повреди и спасувањето на човечкиот живот.

По повод Светскиот ден на прва помош, Општинската организација на Црвениот крст в сабота ќе организира низа активности под мотото “Првата помош спасува живот”.

На градскиот плоштад, на пладне ќе започнат презентациите на техниките на укажување прва помош и на опремата за укажување помош, а ќе се врши  и проверка на знаењата за давање прва помош на учесниците во сообраќајот. За учесниците ќе се организира и квиз со прашања од оваа област.

Истиот ден од 10 до 17 часот на плоштадот  е предвидена и крводарителска акција потпомогната од спортската обложувалница “Премиер” која на најсреќниот крводарител кој што ќе биде извлечен ќе му додели вредна награда.

Ohridnews