Манекенката Ешли Грахам е првата плус-сајз манекенка која ќе се појави во славното списание Спортс Илустрејтед. Ешли ја рекламира линијата долна облека „Swimsuitesforall“ и ќе се појави во најновото февруарско идание на престижното списание. Бидејќи со тоа станува првата плус-сајз манекенка која ќе се појави во ова списание, за Ешли ова е остварување на соништата.
Таа рекла како знае дека нејзините гради се секси и сака сите други дами да го мислат истото за себе. Според неа, светот е конечно спремен да види такви девојки во бикини. По се изгледа списанието морало да попушти под големиот притисок на индустријата за плус-сајз гардероба, бидејќи полните дами се потполно дискриминирани на ова поле.