Ако може да се суди според најновите трендови во архитектурата би можело да се каже дека експертите инспирација побарале во магијата, односно почнале да прават големите нешта да се невидливи. Токму по ваква идеја се водел архитектот Су Фуџимото кој планира на Тајван да направи кула од провидни ѕидови кои овозможуваат низ нив да се гледа панорамата на градот. Според зборовите на упатените ѕидовите ќе изгледаат како како завеса од мрежа. Во овој момент интернационалната компанија “GDS Practice“ се спрема да направи пресметки и проценка на се што е потребно како би се изградила оваа кула.
Иако на првите слики кулата изгледа како да е направена од кристали, експертите уверуваат дека Еко Кулата ќе биде изградена со користење на оптичка технологија која има можност привремено да исчезне и на тој начин да ги сокрие екстензивните културни, забавни и спортски активности. Тие додале дека на овој начин сакаат да направат градба која на најубав можен начин ќе ја прикажува глобалната заедница. Се очекува кулата да биде завршена во 2014 година, а ќе има површина од 145 илјади квадратни метри, додека висината на градбата ќе изнесува 450 метри.