Англиската Премиерлига трета година по ред се најде на врвот на листата на фудбалските првенства, што ја подготвува Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика. Првата лига на Македонија ниско котира и со пласманот на 79. место конкурира за едно од најнеквалитетните првенства на стариот континент, бидејќи во топ-100 единствено Азербејџанците и Суперлигата на БиХ се послаби.
Предноста на лидерот Англија оваа година не е така изразена како лани, бидејќи шпанската Примера заостанува нешто повеќе од сто бода на втората позиција. Германската Бундеслига направи скок од шестото на третото место, а Бразил напредуваше за една позиција и сега е четврти на листата. Најдобрата десетка ја заокружуваат лигите на Италија (-3), Франција (-1), Аргентина (-4), Холандија (+5), Украина (+1) и на Турција (+1).
ohridnews