Регуларниот дел од Првата машка кошаркарска лига во Македонија заврши и познати се екипите кои ќе разигруваат во Супер лигата односно во плејаутот.
Охридскиот состав натпреварите ќе ги продолжи во плејаутот, откако заврши на осмата позиција со скор од 5 победи и 15 порази. Единствено подобар биланс од АВ Охрид во плејаутот има Фени Индустри (10-10), кој во финишот од сезоната извиси во трката со Куманово за последното шесто место.
Опстанокот во кошаркарската елита не им е загрозен на „галебите“. Сезонава поради непарниот број на екипи никој не отпаѓа директно, туку 11-то пласираниот ќе игра бараж средба со второпласираниот од Втората лига. Моментално, последнопласиран е Шкупи без победа во текот на целата сезона.
Викендов кој доаѓа ќе стартуваат мечевите од Супер лигата и плејаутот, а двојките ќе бидат одредени по пат на ждрепка.
OhridNews