Фудбалската федерација на Македонија на редовното Генерално собрание донесе одлука за измени на системот на натпреварување во Првата и Втората лига кои ќе стапат на сила од сезоната 2017/18.
Првата лига, од сезона 2017/18 ќе биде со 10 екипи, како и актуелниот натпреварувачки систем, со таа разлика што сега ќе има четири циклуси и 36 првенствени натпревари за секоја екипа.
Втората лига од сезоната 2017/18 ќе биде поделена во два региони (ИСТОК и ЗАПАД) со по 10 екипи и три циклуси (по 27 натпревари). Третата лига од сезоната 2017/18, место досегашните пет, ќе биде со шест региони (Север, Запад, Југозапад, Исток, Центален, Југ).
Промените во системите за натпревари кај сениорите, ќе донесе и промени во системите кај младите категории. Прва супер лига ќе има во четири категории со по 10 екипи. Втора младинска лига во четири категории со по 10 екипи, и Трета младинска лига во седум категории.
OhridNews