Со непарен број на екипа (вкупно 11) ќе започне новата сезона во Првата машка кошаркарска лига во нашата земја.

Управниот одбор на Кошаркаската федерација на Северна Македонија (КФСМ), не го изгласа предлогот последниот учесник во елитата да се добие од баражот помеѓу КК Ангели и КК Шкупи и донесе одлука Првата лига да брои 11 екипи.

Без разлика на непарниот број квалитетот нема да изостане, но една екипа секоја рунда ќе биде слободна. И оваа сезона дел од кошаркарската елита ќе биде охридскиот состав.

Ждрепката за новата сезона е утре точно на пладне.

OhridNews