Екипите од Првата и Втората македонска фудбалска лига ги сменија термините поради А репрезентацијата која следнава недела ќе настапи во квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

Прволигашите на мегдан ширум терените во нашата земја ќе излезат в сабота во 15 часот, додека второлигашите своите натпревари од првенството ќе ги одиграат в недела исто во 15 часот.

Градскиот фудбалски клуб Охрид мечот од седмата рунда во второлигашката конкуренција ќе го одигра на гости кај тимот на Вардар Форино. „Рибарите“, претходната рунда го освоија првиот бод ремизирајќи со Лабуништа а против Вардар Форино ќе се судрат без бело знаме.

Што се однесува до обврските на А репрезентацијата. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски на 10 октомври на домашен ќе се сретнат со Словенија а на 13 гостуваат кај селекцијата на Полска. Македонија со 8 бодови се наоѓа четвртата позиција во групата со шанси да се замеша за првите две позиции на табелата.

OhridNews