Ако Ирина Абрамович некогаш се почувствува незадоволна што од разводот со Роман Абрамович се „офајди“ со „само“ 300 милиони евра, ќе ја утеши потресната исповест на нејзината претходничка која при разводот поминала многу полошо.

Весникот Daily Mail ја носи приказната за Олга Абрамович, млада жена со која во 1988 година Роман се венчал во московското матично. Олга Абрамович опишала дека следната година ипол го делела со него мизерното советско станче, додека идниот руски супертајкун се обидувал да преживее од продажба на пластични патчиња.


Роман и втората бивша г-ѓа Абрамович, Ирина

Олга тврди дека и тогаш сакал луксузен живот, но можел да го живее само во мислите. Опишала едно возење со раскантаната „лада“ кога ја терал да ги менува брзините „за да замисли дека вози автоматик“.

Меѓутоа, многу бргу се испоставило дека младиот Роман стекнал преголема склоност станот да го напушта во 8 наутро и да се враќа во 10 навечер. Еден ден и рекол дека „не сака да биде повеќе со нејзе!“

На крајот од бракоразводната парница, од заедничкиот имот добила празен двособен стан и кауч.

Денес живее во друг стан со нов сопруг, а станот во кој живеела со Абрамович го изнајмува. Олга тврди дека понекогаш кога го гледа луксузниот живот на Ирина Абрамович, се прашува „ако картите поинаку се измешаа“ , би можела да биде на нејзино место. Но, вели дека „не и` завидува на Ирина бидејќи била во „златен кафез“, а нејзиниот развод покажува дека „парите не ја купуваат среќата“.

(index.hr)

С. Костоски