Новопечениот татко, фудбалерот Жерар Пике на Твитер ја објавил првата фотографија од својот син Милан. Бебето било родено во вторникот и на фотографијата позира во нови патики на кои јасно може да се види неговото име.

Гордиот татко под фотографијата напишал „Нозете на Милан“, а на својот син му набавил и дрес со бројот 3 кој му го подарил потпретседателот на фудбалскиот клуб Барселона Жорди Кардонер.