Металург ја доби првата од четирите пресметки во домашното првенство откако со 28-22 во салата автокоманда го совлада бранителот на трофејот Вардар Про.
Сите дилеми околу конечниот победник “металурзите“ ги разрешија во првите триесет минути кои ги решија во својата корист со 17-8. Куп освојувачот предводен од екс – вардарецот Наумче Мојсоски (10 гола) рутински го одигра вториот дел не дозволувајќи им на црвено- црните да се приближат и да се надеваат на бодови во Автокоманда.
Лино Червар кој ја доби првата од четирите рунди против Веселин Вујовиќ нема да го памети по добро мечот, на кој во финишот се лизна на паркетот се повреди и доби скршеница на десната рака.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com