Хери и Клер Арнолд четири месеци го планирале денот на кој ќе се венчавале, ќе ги крстеле двата сина и ќе го прославеле роденденот на младоженецот. Меѓутоа не планирале првата брачна ноќ да ја поминат во полицисkата станица во Дурам, Велика Британија.
Ги уапсиле бидејќи поднапиени се карале со чуварот на автобуската станица и го нарушувале јавниот ред и мир. Се венчале пред матичар во присуство на 40 гости, два часа подоцна ги крстиле близнаците Томас и Дејвид, па со гостите отишле на вечера. Испиле шише вино и по некое пиво.