Една 30-годишна Германка својата прва брачна ноќ ја поминала на задното седиште од автомобилот, на паркинг, со неколку празни шишиња водка. Бидејќи автомобилот се загреал на сонцето на помош и пришле полицајци. Дури и кога го кршеле стаклото на автомобилот жената не се разбудила.


Морале да ја протресат неколку пати за да се соземе. Потоа мамурна, облечена во венчаница морала да се провлекува низ прозорецот за да излезе од автомобилот бидејќи не знаела каде се наоѓаат ниту клучевите, ниту нејзиниот сопруг.