Согласно законските прописи од сферата на заштитата на животната средина и процедурата за добивање Б – интегрирана дозвола за усогласување со оперативен план, Општина Охрид организира Јавна расправа за апликацијата на инсталацијата „Еуротехника“ од Охрид. Оваа инсталација се бави со обработка на метали и ферометали.

Јавната расправа ќе се одржи на 27. овој месец (среда) во просториите на Општината со почеток во 14 часот и на неа сите заинтересирани можат да дадат свој коментар во однос на апликацијата.

Ohridnews