Со свечено ветување, првачињата од основното училиште „ Григор Прличев“, во рамки на културно уметничката програма што денес се одржа во училиштето, станаа членови на републичката Детска организација.
Класните раководители ги истакнаа одредбите од Конвенцијата за правата на детето, а првачињата добија детски пасоши и беџови и со тоа и официјално станаа дел од организацијата на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија.
Настанот се одржа по повод 5- ти октомври, Светскиот ден на учителот.
OhridNews