Денес во просториите на општина Дебрца, градоначалникот Игор Трајкоски оствари средба со најмладите.

На запишаните првачиња им подари чанти и комплет училишен прибор  и воедно им посака среќа и успешно совладување на наставните програми. Донацијата  е од страна на Фондацијата „ Капинков“ која веќе се реализира по трет пат.

Годинава во училишните клупи во ОУ „ Дебрца“ ќе се седнат вкупно 22 првачиња.

OhridNews