Со доделувањето на свидетелствата денеска и официјално заврши школската 2007/08 година. Утрово во сите охридски училишта беа доделени свидетелствата на основците. Најмногу на свидетелствата им се израдуваа најмладите. Согласно новата образовна програма, првачињата како и учениците од второ и трето одделение описно се оценуваат, додека петките се резервирани за повисоките одделенија.

Свечено беше и во ОУ „Григор Прличев“ каде основците денеска ги добија свидетелствата. Најмладите со букет цвеќе се разделија од своите учителки заминувајќи на заслужен летен распуст.


Основците заминуваат на заслужен летен распуст

Ohridnews