Ву Конган (101) и Ву Сонгши (103) од Кина прв пат по 88 години брак, во венчаница и одело, се фотографирале, бидејќи немале ниту една фотографија од свадбената церемонија, пренеле медиумите. Кинескиот пар кој се венчал во 1924 година во кинеската провинција Сечуан, во брак е 88 години и отсекогаш жалел што немале фотографии од свадбата.
Неодамна желбата им била исполнета, па Конган и Сонгши позирале во свадбени одела. Локалното фото студио во нивниот град Нанцонг го организирало фотографирањето.