Тренерската ракометна четворка од Моби Дик, Билјана Богданова-Смилеска, Јованка Јованоска, Филип Јованоски и Атанас Поп-Стефанија како и Александра Џамтоска од Металург – Охрид успешно ја минаа првата тренерска категорија.
Петте охридски ракометни тренери беа дел од семинарот, кој го организираше тренерската заедница на Македонија.
Ова е чекор напред за сите пет стручњаци бидејќи во иднина нема да може да се води екипа без соодветната лиценца со која можат да се пофалат охридските тренери.
Мх.П.